Даде 293 гола сезонава и доби договор со Еурофарм Пелистер 2

По кружниот напаѓач Јован Симоновски, тимот на Еурофарм Пелистер 2 го промовираше вториот нов ракометар.

Станува збор за кадетскиот репрезентативец на Македонија, Андреј Георгиев, кој настапува на десната крилна позиција.

Таму досега играше Ненад Белистојаноски, но тој оди во првиот тим, па Георгиев ќе биде замената за него.

Битолчанецот потекнува од школата на Еурофарм Пелистер, а играше и во младинската Лига на шампионите. Против Алборг даде 12 гола во полуфиналето.

Георгиев е ТОП 3 стрелци во кадетската машка лига и успеа да постигне 132 голови, како и на четвртото место во младинската машка лига со 161 гол.