Тимовите на Бутел Скопје и Тиквеш направија џентлменски потези на крајот од сезоната во Супер машката лига.
Двете екипи прифатија да ги играат своите домашни натпревари со екипите на Вардар и Охрид на теренот на противниците.
Вардарци ќе ја добијат титулата на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“, иако формални се гости на мечот, додека Охрид нема да патува во Кавадарци и ќе има повеќе време за одмор и подготовка за важниот меч со Татабања од ЕХФ Европскиот Куп.
Мечот меѓу Тиквеш и Охрид се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ денеска од 17:00 часот, а утре од 19:00 е мечот меѓу Бутел Скопје и Вардар во СРЦ „Јане Сандански“.
























