Екипата на Спартак го обезбеди петтото место на табелата во Супер женската лига, откако славеше против Пелистер со 36-27.
Сега на табелата Спартак има 20 бодови и не може да биде престигнат од шестопласираниот состав на Астибо.
На полувремето беше 23-10 за избраничките на Велимир Мицевски, а вториот дел беше рутински одработен.
Најдобри стрелци кај победникот беа Ива Божиноска со осум гола и Марија Стојановска со седум, додека кај Пелистер се истакна Невена Будноска со осум погодоци.
























