Тимот на Еурофарм Пелистер во идната сезона ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина.
Станува збор за средниот бек Омер Мехмедовиќ, кој доаѓа во Битола од словенечкиот тим Рико Рибница.
„Еурофарм Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина. По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на нашиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ. Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион. Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница во словенечкиот шампионат. Официјалното претставување на Мехемдовиќ е закажано на почетокот од подготовките за сезоната 2026/27“, се вели во објавата на клубот.
Претходно Еурофарм Пелистер го донесе Лино Червар на тренерското столче, а се засили со Мартин Серафимов, Едвин Џелиловиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Миха Котар.























