„Лавиците“ броеја до 43 против Вардар

Македонскиот шампион Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Вардар со 43-27 во натпреварот од 25 коло во Супер женската лига.

Од поодамна се познати екипите што ќе завршат во ТОП 4 на крајот на сезоната, па овој дуел беше одработен рутински.

„Лавиците“ водеа со 12-4, а до паузата беше 23-11 и немаше дилеми која екипа ќе слави на овој натпревар.

Триото репрезентативки Ризоска со осум, Јанкуловска со седум и Дукоска со шест погодоци беа лидерите во победата на Ѓорче Петров.

Кај Вардар се истакнаа Таида Беровиќ и Мила Ристовска со по пет гола, а последните обврски за оваа сезона Вардар и Ѓорче Петров ќе ги имаат во текот на наредната недела.