Чаир им се врати на победите – на мечот со Астибо паднаа 81 гол

Екипата на Чаир по поразот кај Спартак им се врати на победите во Супер женската лига и славеше против Астибо со 41-40.

Иако според резултатот делува дека се работело за израмнет натпревар, сепак не беше така. Домаќинките си го фатија редот уште на стартот, водеа и со девет гола разлика, 23-14, а на паузата се замина со 26-19.

На десетина минути до крајот Чаир водеше со 40-33, а гостинките казнија неколку грешки и успеаја во финишот да ги ублажат поразот и да го направат минимален, но немаше време за комплетен пресврт.

Рона Мифтари со девет и Габриела Величковска со осум погодоци беа најдобрите стрелци во победничкиот тим, додека Мауде Ксавиер и Марија Анчева дадоа 15, односно 14 гола.