Хрватска ја прекина црната серија против Шведска, Данска два пати ја преслуша Германија

Селекциите кои не играа квалификации за СП ја искористија ЕХФ неделата за пријателски натпревари во финишот на сезоната.

Исланд, кој имаше комбиниран тим славеше на два пати против Египет, додека ист беше случајот и со Данска. На првиот меч на кој играа сите ѕвезди – Гидсел, Нилсен, Саугструп, Арнолдсен…европскиот првак славеше убедливо со 36-28, додека на вториот со комбиниран состав, одново Данците ја победија Германија, која имаше само еден дебитант во ростерот.

Русија го освои турнирот во Кина, каде во мечот за златото беше подобра од домаќинот со 35-33, а претходно ја совлада и Белорусија.

Хрватска и Шведска си поделија по една победа. По поразот во Шведска на првата средба, на „реваншот“ на хрватско тло, избраниците на Дагур Сигурдсон по осум години од последниот триумф над Шведска, ја совладаа селекцијата на „трите круни“ со 34-31.

Тунис два пати беше подобар од африканскиот ривал Алжир.

Пријателски натпревари:

Шведска – Хрватска 34-31
Египет – Исланд 30-31
Катар – ОАЕ 28-20
Данска – Германија 36-28
Русија – Белорусија 35-33
Бахреин – Кувајт 30-21
Египет – Исланд 27-30
Тунис – Алжир 40-30
Хрватска – Шведска 35-31
Германија – Данска 31-29
Русија – Кина 28-26
Tунис – Алжир 27-25

___________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________