Левото крило на Пролет, Есад Дрпљанин, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 7. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.
Поранешниот член на Бутел Скопје и Голден Арт, беше меѓу најзаслужните за триумфот на натпреварот против Струга на гостински терен.
Тој освои дури 62% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Теодор Тодески кој освои 31% од гласовите.
Номинирани за МВП на 7. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Ненад Белистојаноски, Косуке Јасухира, Урош Митровиќ, Милан Лазаревски и Иван Ангелески.


























