По Дино Славиќ, Доминик Мате и Мартин Карапалевски, Охрид го промовиршае четвртото засилување за наредната сезона – доаѓа капитенот на Партизан, Никола Зечевиќ.
Српскиот репрезентативец потпиша со Охрид договор на две сезони и ќе остане покрај езерото најмалку до 2028 година.
Игра на позицијата лев бек, има 24 години, висок е 2 метри и ќе го носи дресот со број 31 од следната сезона.
Доаѓа од шампионот на Србија, Партизан, каде што игра главна улога и во двата правци и заслужено ја носеше капитенската лента во овој тим.
Со своите одлични игри се наметнува кај Раул Гонзалез националниот тим на Србија каде што има повеќе репрезентативни настапи.
























