Салиу и Јовчевски стрелаа 30 пати, Јехона со цел плен си замина од Скопје

Тимот на Јехона славеше на гостувањето кај Шампион со 45-30 во натпревар од 25 коло во прволигашката конкуренција.

Двајцата најдобри стрелци во Јехона, Адис Салиу (14 голови) и во Шампион, Давид Јовчевски (16 голови), стрелаа заедно дури 30 пати.

Победникот беше познат уште по првото полувреме, кога гостите од Гостивар поведоа со 22-13, а второто полувреме беше само формално одработување на задачата.

Јехона сега има 22 бодови и се наоѓа на делба на шестата позиција со Аеродром и Текстилец, а конечниот пласман ќе биде познат наредната недела.