Тимот на Овче Поле СУ славеше над Шампион со 36-8 во натпреварот од 24 коло во прволигашката конкуренција и остана во трка по суперлигашки бараж.
Поранешната кадетска репрезентативка на Македонија, Анастасија Сентовска, беше најдобар стрелец и предводник на Овче Поле СУ во победата со 11 голови.
По пет пати во мрежата на Шампион погодија Јана Ристовска и Јована Ангеловска, а кај домаќинот Катја Маркоска стрелаше четири пати.
Сега Овче Поле СУ има 28 бодови на третото место и три меча до крајот на сезоната, а второпласираниот Ѓорче Петров 2 е втор со 30 бодови и уште четири средби за играње, па сигурно до крајот ќе има голема борба за месотото што води во бараж за Супер лигата и дуел со Пелистер.

























