Селекторот Кирил Лазаров денеска ја изврши прозивката на ракометарите пред бараж двомечот меѓу Македонија и Словачка за пласман на СП 2027.
Капитенот Филип Кузмановски смета дека не треба да се потцени ривалот, но Македонија има јасна цел – пласман на уште едно големо натпреварување.
„Голем дел од играчите се во добра форма, и најважно дека сме сите здрави. Треба сите да бидеме максимално спремни за двомечот со Словачка. Не треба да го потцениме ривалот, сите играат добар ракомет и секогаш се можни изненадувања. Македонија има јасна цел. Имаме краток период за подготовките, сакам да оствариме две победи, да го покажеме квалитетот што го имаме и да обезбедиме ново големо натпреварување во низа. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот на гостински терен, а на домашен терен ќе имаме голема поддршка пред полна сала „Борис Трајковски“. Таа ни е заслужена со нашите резултати и игра, па со нетрпение ги чекаме средби и Македонија да ја пласираме уште еднаш на големо натпреварување“, изјави Кузмановски.
Македонија е во поход на десеттиот пласман на СП, односно осми по ред мундијалски настап.
Првиот меч е на програмата на 14 мај од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, додека реваншот ќе биде на 17 мај од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
























