ЌЕ ИМА ЗА ЧАСТЕЊЕ: Овие ракометар(к)и почнаа да добиваат државна „пензија“

Листата на „спортисти – пензионери“ кои наполниле 40 години и се здобиле со национално спортско признание и добиваат паричен надомест за остварен се зголеми за дополнителни 9 спортисти. Сите се здобиле со државната пензија по основ на освојување на златен медал во европската лига на шампионите.

Најголем дел од новите пензонери се поранешните „кометалки“ кои во 2002 година ја освоија женската лига на шампионите. Првата пензија ја добија: Гордана Нацева, Мирјана Чупиќ, Милена Велкова, Анжела Платон, Елена Златановска Муратовска и Клара Боева. Износот на пензијата е 45.198 денари. Сите беа европски прваци во 2002 година.

Европски првак беше и Валентина Радуловиќ, но со екипата на Шлагелсе од Данска, во 2004 и 2005 година. Меѓу оние што истотака може да добиваат пензија е и Индира Кастратовиќ, но таа е веќе „пенизонерка“ бидејќи е светски рекорден по број на голови на СП 1997 година.

Дел од оние може да ја користат оваа погодност, се уште немаат наполнети 40 години, но кога ќе „остарат доволно“ ќе добиваат пензија. Тука е Елена Ѓоргиевска која беше европски првак, но со Будуќност од Подгорица во 2012 година.

Покрај жените, со пензија се „опарија“ и Владо Недановски и Петар Ангелов кои беа европски прваци со Вардар во 2017 и 2019 година. Стојанче Стоилов, Марко Мишевски, Мартин Поповски и Марко Кизиќ се уште немаат 40 години за да почнат да ја користат.

Пензионер е и Кирил Лазаров, одамна бидејќи беше светски рекорден по број на постигнати голови на СП 2009 и ЕП 2012, а бил и европски првак со Барселона.

Национално спортско признание се доделува на спортист од индивидуалните и екипните спортови за врвно спортско остварување на спортистите, како признание за освоен златен, сребрен и бронзен медал, односно за освоено прво, второ и трето место на олимписки игри, параолимписки игри и шаховска олимпијада (резултат остварен на прва табла), официјални светски и европски сениорски првенства од највисок степен во олимписки и параолимписки спортови.

Националното спортско признание може да се додели и на спортисти за освоен златен медал, односно прво место на светски и европски сениорски првенства од највисок степен во неолимписки и непараолимписки спортови кои во Република Македонија имаат подолга традиција.

Националното спортско признание може да се додели и на спортист-поединец за освоен златен медал, односно за освоено прво место на официјално европско или светско сениорско клупско првенство од највисок степен во екипните олимписки спортови или во случаите на остварување резултат кој е светски или европски рекорд во олимписки спортови остварен на официјален меѓународен натпревар.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________