Големите клубови се разликуваат од другите по „мали детали“, а Вардар секогаш бил џентлмен и му честитал на својот ривал. Овојпат „црвено-црните“ упатија честитка до Охрид за неговото играње во финалето на Купот на ЕХФ. Скопјани заедно со Куманово, се единствените што јавно преку социјалните мрежи му честитаа на Охрид. Но, секако имаше и многу јавувања од претседателите на другите екипи веднаш по мечот на одговорните лица на „Гладијаторите“
Охрид со 29-27 го елиминираше Целје во полуфиналето, по изведување на пенали. На првиот меч во Словенија, победија домаќините со 27-26. Според правилата на ЕХФ, кога две екипи ќе победат на по еден меч, не се гледа веќе гол разликата, туку веднаш се пристапува на изведување на пенали.
„Пласманот во едно европско финале е потврда за квалитет, посветеност, работа и верба, а воедно и гордост за сите што го следат и сакаат ракометот во Македонија.
На РК Охрид му посакуваме многу среќа во финалето на Купот на ЕХФ, достоинствен настап и уште еден голем момент за македонскиот спорт.
Кога македонски клуб испишува европска приказна, тоа е успех што заслужува аплауз.
Честитки за РК Охрид. 👏💙
Вардарци и малку му честитаа на својот градски противник, од Автокоманда кога „сино-белите“ исто така стигнаа меѓу најдобрите.
„Црвено-црните“ се пред враќање на титулата, и на двојната круна. На четири кола до крај на првенството имаат предност од 8 гола, и им треба само уште бод за и теоретски бидат шампиони.
Следниот меч Вардар го игра во четврток, дома со Еурофарм Пелистер.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























