Охрид ја наполни и салата и паркингот – се е спремно за прослава на влез во финалето на Купот на ЕХФ

Со амбициите на клубот расте и организацијата, па така Охрид освен што стигна меѓу најдобрите четири во Купот на ЕХФ, покажува и голема ангажираноста во однос на организацијата на самите натпревари.

Освен полна сала, сега полека се полни и паркингот пред салата во „Билјанини Извори“. Но, не со возила, туку со луѓе, бидејќи клубот традиционално се почесто организира и „фан зона“ во која навивачите можат да се дружат и забавувата пред мечевите. Сега се игра реванш средбата од полуфиналето на Купот на ЕХФ, а во Охрид доаѓа екипата на Целје од Словенија.

Со музика, песна, понекое пиво и со навивачки реквизити „рибарите“, но и обичните навивачи дојдоа порано од предвиденото да му дадат поддршка на својот тим кој треба да го направи последниот чекор. Во историската година кога играа финале во Купот на Македонија, се борат за вицешампионската титула, охриѓани имаат можност да играта уште едно финале.

Имаат негатива од еден гол од првио тмеч од Целје, и треба да одиграат „за двојка“ за да добијат преодна оценка што ќе им донесе финале. Мечот Охрид – Целје се игра од 19 часот во СС „Билјанини Извори“.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________