Ракометарите на Бутел Скопје утре ги очекува важен натпревар против тимот на Тиквеш, директен конкурент за ТОП 5 во суперлигашкиот плеј-оф.
Кавадарчани во моментов се петти со 24 бодови, додека Бутел Скопје е на шестото место со 22 бода. На момците на Горан Кузманоски им треба било каков триумф за да бидат подобри во меѓусебниот двобој од Тиквеш и да бидат во ТОП 5 на крајот на сезоната, ако се знае дека двете екипи до крајот ќе играат уште по три пати со тимовите од водечката четворка.
Еден од најискусните ракометари во тимот на Бутел Скопје, голманот Благојче Трајкоски, смета дека мечот ќе биде многу тежок.
„Не очекува многу тежок и неизвесен меч. Квалитетот на двете екипи е ист, но ние играме на домашен терен и тоа ни дава мала предност. Одигравме многу натпревари до Тиквеш оваа сезона и мислам дека не може да има никакво изненадување од двете страни. Единствена разлика може да биде моменталното расположение и желбата за победа на двете екипи. Наши главни адути се добрата одбрана и брзата транзиција. Со наш добар напад треба да ги оневозможиме во нивното најдобро оружје“, изјави Трајкоски.
Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Тиквеш ќе се игра утре во салата „Антон Димитров“ со почеток од 18:00 часот.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























