Новата женска регионална ракометна лига ќе почне од есенва, а во нејзе ќе играат Ѓорче Петров и Чаир, заедно со уште екипи од Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Ова беше решено на состанокот на сите екипи кои додјоа во Скопје и се согласија следната сезона да се игра турнирски систем, а потоа од 2027 година би се играл двокружен систем.
Со оглед на тоа што следната сеозна би била „пробна“ ќе се игра турнирски, веројатно за време на викендите, и екипите ќе бидат поделени во две групи. Силината на групата ќе зависи од тоа силината на екипата, со цел да има приближно ист квалитет на натпреварите.
Според присуството, следната сезона би играле екипите на Ѓорче Петров и Чаир од Македонија, потоа Будуќност и Ловќен од Црна Гора, па Црвена Звезда и Наиса од Србија, Крим и Млинотест од Словенија, Локомотива и Подравка од Хрватска.
Од следната сезона во лигата би играче најдобрите две сезони од секоја земја, според пласманот во домашното првенство, и тогаш ќе се игра лигашки систем. На крај од сезоната би се играл и Ф4, на најдобрите четири екипи.
























