Искусниот шпански ракометар Хорхе Македа ќе го напушти Келце по завршувањето на актуелната сезона, но неговата следна дестинација сè уште не е позната.
Во изминатиот период, медиумите шпекулираа дека Македа би можел да се врати во татковината и да го засили тимот на Куенка. Потоа се појавија информации за можен трансфер во Партизан, кој гради амбициозен проект за враќање на европската сцена, а каде што тренер е Раул Гонзалес со кој соработуваа во Вардар.
Според пишувањата на „ТВП Спорт“, најновиот тим што покажа заинтересираност за Македа е наследникот на некогашниот гигант Сиудад Реал, Касерио – клуб кој е нов член на Асобал лига.
Македа има неколку опции, па останува да се види каде искусниот бек ќе ја продолжи кариерата и дали ќе избере враќање во Шпанија или нов предизвик надвор од неа.


























