Португалскиот шампион Спортинг Лисабон веќе активно работи на замена за Франциско Кошта, кој од 2027 година ќе се пресели во Фленсбург.
Според информациите на „Моцарт Спорт“, една од главните опции за негов наследник е српскиот репрезентативец Урош Којадиновиќ, кој настапува за Тулуз.
Којадиновиќ зад себе има одлични настапи, особено на последното Европско првенство, каде беше еден од најдобрите играчи на Србија. Неговиот развој продолжи во Франција, каде игра веќе втора сезона, а договорот со Тулуз му важи до 2027 година.
Интересно е што Спортинг не планира само една промена. По заминувањето на Кико Кошта во Германија, клубот би можел да направи комплетна реконструкција на бековската линија, особено ако се реализираат и други трансфери.
Трансферот во Лисабон би претставувал голем чекор напред за Којадиновиќ, со оглед на тоа што Спортинг Лисабон веќе втора сезона по ред е меѓу најдобрите осум екипи во Лига на шампиони.


























