По големата победа во Битола кај шампионот Еурофарм Пелистер, ракометарите на Охрид, немаат многу време за одмор.
Денеска ги очекува пресметката од суперлигашкиот плеј-оф од 5 коло на домашен терен против Тиквеш.
Гостите се без тренерот Грчевски, кој е со женската репрезентација, а домаќините во добар моментум и се големи фаворити за бодовите.
Денеска се очекува дебито на најновото засилување за „гладијаторите“, Косуке Јасухира, а мечот се игра од 17:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.
Покрај мечот во Охрид, денеска ќе бидат активни и тројца македонски интернационалци во своите шампионати – Филип Талески, Мартин Манасков и Михајло Младеновиќ.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ОХРИД – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЃЕР – ТАТАБАЊА (УНГАРИЈА)
19:00 АЛПЛА ХАРД – ЛИНЦ (АВСТРИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – ФРОНТИЊАН (ФРАНЦИЈА)









