Вардарци можат да ладат шампањско – титулата е веќе на пат за „Јане Сандански“

По поразот на Еурофарм Пелистер на домашен терен од екипата на Охрид, 27-26, јасно е дека повеќе од сигурно дека титулата по три сезони пауза ќе се врати во Скопје. Само чудо, и тоа огромно, треба да се случи за да не се валоризира сегашната предност на „црвено-црните“ во плеј-офот.

По четири одиграни кола во плеј-офот, Вардар има 50 бодови, додека Охрид е втор со 42, а исто толку има актуелниот првак Еурофарм Пелистер на третото место. Се играат вкупно десет кола.

Вардарци утре ги чека средба со Бутел Скопје од петтото коло, на која се големи фаворити, а по Ф4 во Купот на Македонија, кој е закажан за следниот викенд, ќе го одиграат дуелот со тимот на Лазаров на 25 април.

Победа на тој натпревар и математички ќе им ја донесе титулата на „црвено-црните“ на четири кола до крајот на плеј-офот, па ќе можат без притисок да се подготвуваат за двомечот од четвртфиналето на Лигата на Европа со францускиот Монпелје.

Три сезони по ред шампион на Македонија е Еурофарм Пелистер, но оваа сезона е јасно дека Вардар нема да пропушти прилика да се врати на тронот.

[insert page='euro2020-tekst' display='content' public]
[insert page='proba-2' display='content' public]
[insert page='24video-tekst' display='content' public]
[insert page='foto-tekst' display='content' public]