Иако двете ѕвезди на Алборг, Јури Кнор и Томас Арнолдсен, постигнаа дури 24 голови Алборг доживеа неочекуван пораз од Фредериција на стартот на плеј-офот во данскиот шампионат.
Во натпревар од првото коло, Алборг имаше контрола во првото полувреме и на паузата замина со предност од три гола. Сепак, во вториот дел следуваше целосен пресврт, домаќините ја преземаа иницијативата и на крајот славеа во ефикасен дуел со 41-36.
Најефикасен кај поразениот тим беше Јури Кнор со 13 голови, додека Томас Арнолдсен додаде уште 11. Кај победникот се истакна Мадс Кјелгорд со десет погодоци.
Во вториот натпревар од групата 1 во плеј-офот, ГОГ Гудме направи пресврт на гости против Скјерн и славеше со 35-34, иако на полувреме губеше со 19-14.
По ова коло, Гудме се наоѓа на врвот на табелата со три бода, пред Фредерициј“ и Алборг кои имаат по два, додека Скјерн останува на дното без бодови.









