Младинките на Атлетик се новите шапионки на Македонија, откако го совладаа тимот на Гевгелија Југ со 41-21 во последниот натпревар за нив сезонава.
Тие сега имаат 14 бодови на првото место, со седум победи и еден пораз, додека директниот конкурент Ѓорче Петров 2 има десет, со две победи само ќе се израмни бодовно со Атлетик, но има послаб меѓусебен дуел.
Само за еден погодок Атлетик стана шампион, бидејќи на домашен терен загубија со 21-20 од „лавиците“, но на гости славеа со 22-21 и тој гол повеќе на гости им ги донесе првото место и историската титула за клубот, уште во првата сезона од постоењето.
На дуелот со Гевгелија Југ, седум гола даде Анастасија Дамјановска, додека по шест пати погодија Андреа Конеска и Стефани Ристиќ.
Атлетик и во сениорска конкуренција има одлични резултати и од прволигашката конкуренција веќе може да планови за елитатата за наредната сезона бидејќи има голема бодовна залиха на првото место.
По мечот со Гевгелија Југ, ракометарките, стручниот штаб и раководството на клубот, ги примија медалите и пехарот од Ракометната федерација на Македонија. Атлетик на тронот кај младинките го наследи тимот на Металург Автокоманда.


























