Лиапис: Верувам во мојот тим – Охрид ќе биде уште подобар на реваншот со Олимпијакос

Ракометарите на Охрид ги очекува дуелот од суперлигашкиот плеј-оф против Вардар, но веќе со мислите се на реваншот од четвртфиналето од ЕХФ Европскиот Куп против Олимпијакос.

Грчкиот пивот Николаос Лиапис беше меѓу најдобрите во триумфот со 31-25 против неговиот екс клуб, но повикува на вниманителност.

„Многу сме среќни за победата, но ништо не е завршено. Ќе тренираме и ќе се подготвуваме за следниот натпревар против Олимпијакос. Верувам во мојот тим дека ќе бидеме уште подобри во вториот натпревар и со помош на нашите фанови ќе славиме заедно“, изјави Лиапис.

Натпреварот меѓу Охрид и Олимпијакос се игра в сабота од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а билети може да купите ТУКА.