Охрид му посака добредојде на Дино Славиќ!

Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ ќе пристигне на лето во амбициозниот Охрид.

Охридскиот клуб му посака добредојде на чуварот на мрежата, со кој е потпишана соработка на две сезони.

Тој во моментов е член на францускиот Лимож, а претходно бранеше за Адемар Леон, Загреб, Ријека…

Во Охрид во моментов брани и поранешниот хрватски и австриски репрезентативец Кристијан Пилиповиќ, кој на лето се сели во швајцарскиот Криенс Луцерн.