Некогашен пелистерец се раздели со Вецлар

Египетскиот голман Карим Хендави повеќе не е член на германскиот Вецлар, откако двете страни се договорија за предвремен раскин на договорот.

Како што соопшти клубот, договорот кој важеше до крајот на сезоната е прекинат по заедничка согласност, со што 37-годишниот чувар на мрежата станува слободен агент.

Некогашниот член на Еурофарм Пелистер по доаѓањето на Андреас Паличка, не добиваше голема минутажа, па посака нов предизвик.

Хендави пристигна во Вецлар во септември 2025 година и за кратко време запиша 22 настапи во дресот на бундеслигашот.