Нова клупска историја пишува Охрид, а во книгата влегува и гостинскиот триумф од 31-26 во Атина кај Олимпијакос во првиот четвртфинален меч од Купот на ЕХФ. Му останува уште едно полувреме на македонскиот тим следниот викенд во Охрид за да го завери пласманот меѓу најдобрите четири тимови во овој европски куп.
Имаа „рибарите“ предност во текот на целит меч во Атина, во еден момент и со „плус 6“ (14-8) и не му дозволија на домаќинот во ниту еден момент да се понадева дека може нешто да направи. Му дозволија на Савас да шутира, и постигна 14 голови, но затоа другите од тимот на Олимпијакос немаа простор да бидат добри. Имаше решение одбраната на охриѓани да биде поставена за да ги затвори сите приоди.
На другата страна Кристијан Пилиповиќ расположен за играње, за бранеше, на пенал и зицери, па и тој имаше двоцифрен број на одбрани – 18 на мечот. „Домашниот ракометар“ Николаос Лиапис во дресот на Охрид беше прецизен, и од пикер и од крило, како мало изненадување. Мечот го заврши со 8 гола.
Иако со салата во која се играше мечот македонскиот тим се запозна на денот на натпреварот, бидејќи мораа да тренираат во балон, „гладијаторите“ покажаа голема волја да победат. Кога Охрид го презеде водството и поведе со 10-7 веќе стана јасно дека домаќините немаат многу шанси. Последните десет минути од првото полувреме беа во целост во знакот на Охрид.
Пилиповиќ бранеше одлично во првото полувреме, а нападот знаеше тоа да го валориизра. Од водство 10-8, имаше макеоднскиот тим серија од 4-0 со која поведе 14-8.
Во самата завршница од мечот домаќините намалија на 24-27, па тренерот Борис Ројевиќ мораше да бара минута одмор да ја намести и одбраната и нападот, и со 1-2 гола да стави печат на триумфот. Но, секако с ебараше и повисок победа, за доаѓањето на Олимпијакос во Охрид да биде повеќе „туристички“.
Прибетиќ зголеми на 28-24 во 56 минута, а потоа и Јагуриновски за 29-25 одржувајќи ја разликата од четири гола. Ние промашувавме, но и Олимпијакос беше непрецизен, па во послемата минута влеговме со предност од 30-25. Се беше решено, а Олимпијакос бараше тајмаут, барем да најде решение за уште еден гoл и да ја намали разликата.
Николао Лиапис постигна 8 гола, еден помалку даде Анте Иванковиќ, а Тилен Срмљан и Џанфранко Прибетиќ дадоа по 4 гола.

























