Охрид има одлична предност после 30 минути од четвртфиналниот дуел во Атина, и води со 15-10 против Олимпијакос.
Голманот Кристијан Пилиповиќ има 9 одбрани, а Пивотменот Николаос Лиапис постигна 5 гола, еден повеќе од Стрмљан, а Анте Иванковиќ постигна 3 гола. Македонскиот тим делува компактно, и одлично игра против грчкиот тим. Иако првпат се запознаа со салата на загревање пред мечот тоа не им пречеше да „летаат“ по теренот.
Кога Охрид го презеде водството и поведе со 10-7 веќе стана јасно дека домаќините немаат многу шанси. Последните десет минути од првото полувреме беа во целост во знакот на Охрид.
Пилиповиќ бранеше одлично, а нападот знаеше тоа да го валориизра. Од водство 10-8, имаше макеоднскиот тим серија од 4-0 со која поведе 14-8.
Остануваат уште 30 минути од првиот меч, а потоа следнува и реванш во Македонија.
























