Ракометарите на Партизан го освоија 13. трофеј во Купот „Бранислав Покрајац“, откако во финалето на домашен терен славеа убедлива победа над Динамо Панчево со 34-27.
Пред околу 1.500 гледачи во „Бањица“, „црно-белите“ одиграа доминантен натпревар и уште во првото полувреме најавија триумф, создавајќи сигурна предност која без проблем ја одржаа до крајот.
Ова е трет трофеј за тимот на Ѓорѓе Чирковиќ сезонава, по претходните успеси во Супер Купот на Србија и во заедничкиот Куп на Србија и Република Српска, со што Партизан ја потврди одличната форма.
Најефикасни во победничкиот состав беа Никола Црноглавац и Миха Котар со по седум погодоци, додека Алјоша Дамјановиќ, кој постигна еден гол помалку, беше прогласен за играч на натпреварот.
Кај Динамо Панчево, тим што е преводен од младиот стратег Никола Јаневски, најефикасен беше Вељко Чабрило со осум постигнати голови.
Во финалето на женскиот Куп, играа Црвена Звезда и Бор на македонската интернационалка Сања Дабевска (два гола), а „црвено-белите“ дами го одбранија трофејот и славеа со 31-28.

























