ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Охрид со сите оружја ќе „удри“ по Олимпијакос

Охрид денеска го игра првиот натпревар од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп против грчкиот Олимпијакос.

Тренерот Борис Ројевиќ за овој дуел ќе смета на практично на најсилниот состав против Олимпијакос, иако ќе недостига десното крило Ален Ќосевски, а во комбинација не се ниту голманот Ѓорѓески, пивотот Бојаниќ, како и младиот Трајчески.

Тренерот на Олимпијакос, Рикардо Трилини, за овој натпревар не може да смета на хрватскиот лев бек Иван Слишковиќ и шпанскиот среден бек Алваро Морено.

Натпреварот меѓу Олимпијакос и Охрид се игра денеска во салата „Илиопули“ во Атина со почеток од 16:00 часот.