Тимот на Овче Поле СУ запиша победа над Деспина со 29-22 во натпревар од 19 коло во Првата женска лига.
Избраничките на Илија Бетувски со овие бодови се вратија на второто место на табелата што води во суперлигашки бараж и сега имаат 24, додека Ѓорче Петров 2 има 22 но и меч помалку на третата позиција.
Предводничка на Овче Поле СУ беше десното крило Анастасија Сентовска со десет гола, а шест погодоци даде Јана Ристовска.
Деспина успеа да пружи отпор, парираше целиот прв дел и на стартот на второто полувреме кога беше 18-18 во 36 минута. Потоа домаќинките за шест минути дадоа пет гола за 23-18 и тука веќе немаше назад за прилепчанки.
Искусната Мери Гичева беше најдобар стрелец за Деспина и постигна шест погодоци, а пет даде Матеа Христоска.

























