ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Струга на тежок испит против Прилеп, Шампион со двојно гостување

Денеска стартува новото коло во сите конкуренции во македонскиот ракомет, а ќе се играат три меча.

Во Супер машката лига Струга ќе го пречека Прилеп, во натпревар што е многу значаен за домашниот тим во битката за опстанок во елитната конкуренција.

Во Првата машка лига, Вардар Неготино по поразот од Драчево ќе бара рехабилитација на домашен терен против составот на Шампион.

Лидерот во Првата женска лига, Атлетик, првпат загуби оваа сезона, но во Купот, а останува на максимум во лигашкиот дел. Сега ќе се соочи со Шампион и јасно е дека ќе продолжи победничката низа на избраничките на Татјана Хмирова.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 АТЛЕТИК – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
17:00 СТРУГА – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)