Ракометарките на Ѓорче Петров 2 ја продолжуваат битката за суперлигашки бараж, откако славеа над Стружанка со 31-24.
Младите „лавици“ се втори на табелата со 22 бода, исто толку што има и третопласираниот состав на Овче Поле СУ, а двете екипи се далеку зад лидерот Атлетик кој има 30.
Гостинките поведоа со 3-0, потоа беа резултатски рамноправни дваесетина минути, но во финишот на полувремето имаа голем пад во играта.
По 14-12, домаќинките дадоа три гола по ред за плус пет на паузата, 17-12, а на стартот на вториот дел поведоа и со седум, па тука беше решен победникот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Кристина Наумовска со десет и Бојана Георгиевска со шест гола.
Кај гостинките од Струга, талентираната Еџе Сејадин беше најдобра со девет гола, а шест даде Маја Раткушиноска.


























