Познати судиите за двобојот меѓу Вардар и Охрид, како и за прволигашкото дерби во Автокоманда!

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени судиските парови за 3 коло од суперлигашките плеј-оф и плеј-аут.

Дербито меѓу Вардар и Охрид ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека браќата Георгиевски ќе ја делат правдата во Автокоманда.

Мечот меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје, ждрепката им го „довери“ на браќата Ќаеви, додека браќата Илиевски ќе ја судат пресметката во Радовиш.

Супер лига, 3 коло, плеј-оф/аут:

Вардар – Охрид (Митревски/Тодоровски)
Алкалоид – Тиквеш (Георгиевски/Георгиевски)
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер (Ќаев/Ќаев)
Куманово – Еурофарм Пелистер 2 (Начевски/Николов)
Радовиш – Пролет (Илиевски/Илиевски)
Струга – Прилеп (Вукашиновски/Андонов)

Дополнително беше извршена ждрепка за судиски пар на дербито од Првата лига меѓу „витамините“ од Автокоманда и Младост Богданци, па таа средба ќе ја судат Ненад Николовски и Исмаил Металари.