ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Почнува битката за Ф4 во Купот на Македонија

Денеска ќе се одиграат три натпревари од четвртфиналето на Купот на Македонија во женска конкуренција.

Финалистот од минатата сезона, екипата на Чаир, ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле СУ и ќе биде фаворит за место на завршниот турнир.

Куманово исто така ја има фаворитската улога на гостувањето кај Пелистер во Битола, додека најинтересно се очекува да биде на пресметката меѓу Спартак и Атлетик.

Која екипа и да победи од овие две, ќе го прослави најголемиот успех во клупската историја со пласманот на завршниот турнир во Купот на Македонија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЧАИР (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
18:30 СПАРТАК – АТЛЕТИК (КУП НА МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО (КУП НА МАКЕДОНИЈА)