Чаир не му дозволи на Спартак ниту да помисли на бодови

Според играчките имиња требаше д абиде дерби, но според позицијата на табелата и играта на терен, домашните оправдаа зошто се на второто место, па Чаир очекувано триумфраше над Спартак со 30-25. По серијата од три победи по ред тимот од Кисела Вода не освои ниту бод, а Чаир по поразот во претходното коло се враќа на побендичката патека.

На табелата Чаир останува на второто место со три бода помалку од лидерот Ѓорче Петров, а Спартак на претпоследното со 8 бода. Во следното коло Чаир гостува кај Астибо, а Спартак е домаќин на Куманово.

Во првите десетин аминути мечот беше израмнет, и гостинките дури и имаа водство, последен пат 5-4 во 13 минута. Потопа во 18 минута повторно Спартак израмни на 7-7, и оттогаш домашните ја имаа иницијативата и водството. Го задржаа до крај на мечот, освојувајќи нови бодови.

Единствено што Спартак успеваше да направи е да се врати во игра, и да намали на „минус 2“, но секогаш потоа Чаир ќе додадеше „гас“ и ќе избегаше резултатски. Кога во 52 минута домашните поведоа со 26-20, се беше решено. До крајот имаа и предност од седум гола, а на крај „петката“ е како потврда за добрата игра и победа.

Биљана Дамчевска со 8 гола беше најефикасна кај Чаир, а пет постигна Сара Миновска. Кај гостинките по 6 гол апостигнаа Зорица Андонова и Ива Божиновска.