Глеб Калараш го засили Загреб!

Некогашниот ракометар на Вардар, Глеб Калараш, е најновото засилување за хрватскиот шампион Загреб.

35-Годишниот руски интернационалец се разделува со ПИК Сегед на лето, откако потпиша договор на две сезони со Загреб.

Калараш освен за ПИК Сегед и Вардар, играше за Мотор Запорожје, Санкт Петербург, како и германските Магдебург, Балинген и Мелсунген.

Покрај Калараш, Загреб го промовираше и десниот бек Јовица Николиќ, кој исто така доаѓа од ПИК Сегед и потпиша договор на две сезони.