Екс пелистерецот Давајес ќе игра во Шпанија

Поранешниот ракометар на Еурофарм Пелистер, Вилсон Давајес, во продолжение од сезоната ќе ги брани боите на шпанскиот тим Уеска.

Португалскиот среден бек по една и пол сезона го заврши ангажманот во грчкиот АЕК Атина, а сега доаѓа во тимот од Асобал лигата.

По заминувањето од Еурофарм Пелистер, Давајес играше полусезона и во францускиот Шарт, пред да се пресели во Грција.

Средниот бек своевремено играше за Спортинг Лисабон и Порто во татковината, како и за француските Сесон Рен, Данкерк и Иври.