РФМ избра домаќин – еве каде Македонија ќе бие битка за СП 2027!

Ракометната федерација на Македонија го одреди домаќинот за реванш средбата од баражот за пласман на Мундијалот во Германија наредната година.

Машката репрезентација на Македонија прво ќе гостува кај Украина или Словачка на 13/14 мај, додека реваншот ќе се одигра во Скопје.

Македонската куќа на ракометот го закажа мечот за недела, 17 мај, со почеток од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Украина и Словачка ќе се соочат во германскиот град Бенсхајм на 18 март, како и во Повашка Бистрица на 22 март, по што ќе биде познат патникот во третиот бараж каде чека Македонија.