Селекторот на машката репрезентација на Полска, Хота Гонзалез, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за бараж двомечот за пласман во третиот бараж.
Голем плус за Гонзалез ќе биде камбекот на кружниот напаѓач Камил Шипжак, а Шпанецот ќе смета и на четворка од македонското првенство.
Тој ги повика пивотот на Вардар, Виктор Јанковски, голманот на „црвено-црните“ – Милош Валах, како и десниот бек на Еурофарм Пелистер, Анжеј Видомски.
По повредата на Аркадиуш Морито, се очекува повик за двомечот со Летонија и за десниот бек/крило на Вардар, Марек Марчињак.
Полска прво гостува кај Летонија, а реваншот се игра во градот Островиец на 22 март. Ако ја елиминира Летонија, Полска во третиот бараж ќе се сретне со Австрија во последниот бараж за СП.

























