Веспрем по вторпат „падна“ со Алборг – Колштад скапо „се продаде“ со Келце

Скапиот проект на Веспрем не успеа на домашен терен со бодови да ја заврши групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите, бидејќи по вторпат сезонава загуби од дански Алборг, сега со 33-28. Сега Веспрем останува на 5. место на табелата, и вечера ќе навива за Динамо Букурешт кој гостува во Португалија.

Причината е што разликата меѓу Веспрем и Спортинг е два бода, а Португалците се домаќини на „отпаднатиот“ Динамо. Доколку Спортинг победи ќе има ист број бодови како и Веспрем, па ќе решаваат меѓусебните дуели. А тука Португалците имаат постигнато гол повеќе.

Келце се намачи да триумфира во Норвешка кај Колштад, 27-26. Полјаците водеа во поголем дел од средбата, но во последните 15 секунди од мечот топката ја имаа домашните. Откако претходно Келце на реализира за потврда на победата, домаќините добија шанса да извлечат бод. Побараа тајмаут, по што има само еден напад кој заврши со фаул, и уште еден слободен удар од девет метри. Тој удар го извведе Јепсен, ама заврши во рацете на голманот и во стативата, но и над голот. Така почна славјето на Келце.

Од оваа А група познато е дека Берлин и Алборг директно одта во четврфиналето на ЛШ, а Келце, Нант, Веспрем и Спортинг ќе разигруваат во осминафиналето. Против која екипа од Б групата ќе играат ќе се знае по одигрување на последните два меча од групата. Спортинг вечерва е домаќин на Динамо Букурешт, а Фуксе Берлин дома игра со Нант.