ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Алушовски направи две промени, Барса со најдобрите

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер денеска ќе го одигра последниот натпревар од оваа сезона во Лигата на шампионите.

Пелистерци гостуваат кај најтрофејниот европски клуб Барселона и ќе играат во домот на каталонскиот гигант „Блауграна“.

Момците на Стевче Алушовски немаат шанси за прогрес во осминафиналето, па без притисок ќе можат да го дадат најдоброто од себе против домашните ѕвезди.

Алушовски не може да смета на Домен Тајник, а во комбинација не се Цветан Кузманоски, Павле Атанасијевиќ, Алем Хаџиќ…додека во составот се Давид Брестовац, Мирче Калајџиески. Барса го има практично најсилниот ростер со Мем, Нилсен, Фабрегас, Јанц, Гомеш…

Овој меч ќе биде добро загревање за битолчани пред големото дерби против Вардар во суперлигашкиот плеј-оф.

Барса се бори за првото место во групата и реми или победа им е неопходна на домашните за да го задржат во случај Магдебург да слави кај ПСЖ.

Натпреварот меѓу Барселона и Еурофарм Пелистер се игра вечерва во „Блауграна“ со почеток во 20:45 часот.