Тимот на Кристијанштад приреди сензација и славеше на гостувањето кај Бенфика во Лисабон со 30-22.
Во директниот дуел за место во осминафиналето, можеби триумфот не е големо изненадување, но изненадување е начинот на кој шведскиот состав ја совлада Бефика убедливо со осум голови разлика!
Со тоа го освои третото место во групата и се пласираше во осминафиналето, каде ќе се соочи со хрватскиот Нексе Нашице.
Осминафиналните натпревари ќе се играат на 31 март и 7 април, додека на 28 април и 5 мај на програмата се четвртфиналните двобои по кои ќе бидат познати патниците на завршниот турнир во Хамбург на 30 и 31 мај.
Лига на Европа, главна рунда, резултати:
група 1
Кил – Фленсбург 36-29
Бидасоа Ирун – Монпелје 34-36
табела: 1. Кил 12, 2. Фленсбург 6, 3. Монпелје 6, 4. Бидасоа 0
група 2
Гранољерс – Елверум 27-29
Архус – Порто 29-30
табела: 1. Порто 8, 2. Елверум 8, 3. Архус 6, 4. Гранољерс 2
група 3
Мелсунген – Вардар 25-34
Бенфика – Кристијанштад 22-30
табела: 1. Вардар 8, 2. Мелсунген 6, 3. Кристијанштад 6, 4. Бенфика 4
група 4
Кадетен Шафхаузен – Фредериција 29-30
Нексе Нашице – Хановер 26-23
табела: 1. Хановер 8, 2. Нексе 6 , 3. Фредериција 6 , 4. Кадетен 4
ОСМИНАФИНАЛЕ – 31 март/7 април:
Кристијанштад – Нексе Нашице
Монпелје – Елверум
Фредериција – Мелсунген
Архус – Фленсбург
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – 28 април/5 мај:
Кристијанштад/Нексе Нашице – Кил
Монпелје/Елверум – Вардар
Фредериција/Мелсунген – Порто
Архус/Фленсбург – Хановер

























