Хрватскиот вицепрвак Нексе се пласираше во осминафиналето на Лигата на Европа, откако на домашен терен беше подобар од бундеслигашот Хановер со 26-23.
Од групата 4, Хановер е патник во четвртфиналето, а швајцарскиот првак Кадетен кој загуби дома со 30-29 од Фредериција, ги заврши настапите во Европа за оваа сезона.
Ако Вардар загуби кај Мелсунген, во осминафиналето ќе се соочи токму со данската Фредериција, а доколку ремизира или слави во Германија, македонскиот тим во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Монпелје и Елверум.
Во групата 2, Порто се враќа со цел плен од Данска и гостувањето кај Архус, каде што триумфираше во драматична завршница со 30-29.
Норвешкиот Елверум исто така славеше на гости, кај Гранољерс со 29-27, но португалскиот вицепрвак е на првото место поради подобриот меѓусебен дуел.
Лига на Европа, резултати:
група 2
Гранољерс – Елверум 27-29
Архус – Порто 29-30
табела: 1. Порто 8, 2. Елверум 8, 3. Архус 6, 4. Гранољерс 2
група 4
Кадетен Шафхаузен – Фредериција 29-30
Нексе Нашице – Хановер 26-23
табела: 1. Хановер 8, 2. Нексе 6 , 3. Фредериција 6 , 4. Кадетен 4

























