Ракометарите на Вардар денеска го играат последниот натпревар во главната рунда од Лигата на Европа.
Македонскиот вицепрвак го има обезбедено најмалку второто место што води во осминафиналето, но може да стигне и до првата позиција што носи директно место во четвртфиналето.
На „црвено-црните“ им одговара и реми за да бидат први, бидејќи славеа против Мелсунген во првата меѓусебна пресметка.
Тренерот Иван Чупиќ во Германија ќе го има на располагање практично најсилниот состав, иако викендов ги чека дерби гостување во Битола.
Во Скопје останаа голманите Еспиња и Богдановски, потоа Пинто, Стаменковиќ, Анастасовски…а Парондо реши да ги поштеди Кристопанс, Мандиќ, Симиќ, Марчан, Баленсијага, Кастенинг…
Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар се игра вечерва во „Ротенбах Арена“ во Касел од 20:45 часот.


























