Ракометарите на Вардар денеска го играат последниот натпревар во главната рунда од Лигата на Европа.
Македонскиот вицепрвак го има обезбедено најмалку второто место што води во осминафиналето, но може да стигне и до првата позиција што носи директно место во четвртфиналето.
На „црвено-црните“ им одговара и реми за да бидат први, бидејќи славеа против Мелсунген во првата меѓусебна пресметка.
Тренерот Иван Чупиќ во Германија ќе го има на располагање практично најсилниот состав, иако викендов ги чека дерби гостување во Битола.
Роберто Гарсија Парондо исто така ќе може да смета на оние што паузираа поради повреда, но дали ќе играат сите останува да видиме.
Покрај дуелот меѓу Вардар и Мелсунген, ќе се одиграат уште седум средби од Лигата на Европа, по што ќе бидат познати сите екипи што продолжуваат понатаму.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ГРАНОЉЕРС- ЕЛВЕРУМ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ФРЕДЕРИЦИЈА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 НЕКСЕ НАШИЦЕ – ХАНОВЕР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 АРХУС – ПОРТО (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 БЕНФИКА – КРИСТИЈАНШТАД (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 БИДАСОА ИРУН – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 КИЛ – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МЕЛСУНГЕН – ВАРДАР (ЛИГА НА ЕВРОПА)

























