Македонскиот првак Еурофарм Пелистер в среда ќе го одигра последниот натпревар во Лигата на шампионите за оваа сезона.
Битолчани ќе му гостува на најтрофејниот клуб во елитното натпреварување, Барселона, а кружниот напаѓач Никола Граховац, ги сподели очекувањата пред мечот во „Блауграна“.
„Тешко е да се подготвувате на Барселона, можеби најдобриот клуб во историјата на ракометот. На секој играч му е чест да игра против Барса, тоа е сон на секое дете кое ќе почне да игра ракомет. Дополнителна мотивација не треба, но треба да бидеме свесни дека в недела го играме најважниот натпревар во сезоната против Вардар. Се спремаме паралелно за двата натпревари. Работиме секојдневно за да напредуваме. Последните два натпревари во ЛШ ни донесоа многу добри работи. Екипата расте, добро работиме и нема за што да стравуваме“, изјави Граховац.
Натпреварот меѓу Барселона и Еурофарм Пелистер се игра в среда во „Блауграна“ со почеток од 20:45 часот.
























