ЕХФ го награди капитенот на битолчани – Кузмановски во тимот на колото во ЛШ!

Капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, одигра фантастичен натпревар и со десет погодоци беше лидер на битолскиот тим во ремито против ПСЖ во Лигата на шампионите, а тоа беше доволно да се најде во идеалниот тим на колото.

Македонскиот репрезентативец не беше само најпрецизен во таборот на „зелено-белите“, туку со својата пожртвуваност уште еднаш покажа како изгледа вистински капитен на теренот.

И покрај тоа што Кузмановски во текот на денот на мечот имал висока температура, сепак и во таква состојба реши да не го остави својот тим и да му помогне во тешката пресметка.

Тој одигра натпревар за паметење и уште еднаш ја оправда капитенската улога во тимот, а тоа не мина незабележано и се Кузмановски се најде во идеалниот тим на колото во ЛШ.

Кузмановски е во друштво на голманот Иван Пешиќ (Нант), левото крило Фредерик Бјере (ГОГ Гудме), средниот бек Оли Митун (ГОГ Гудме), десниот бек Блаж Јанц (Барса), десното крило Каулди Одриозола (Нант) и пивотот Симон Халд (Алборг).