Ракометарите на Вардар победија против Бенфика со 33-27 во претпоследната рунда од главната фаза во Лигата на Европа и го обезбедија најмалку второто место што гарантира осминафинале.
„Црвено-црните“ сега се лидери на табелата со шест бода, исто колку што има и бундеслигашот Мелсунген, па овие два тима наредниот вторник во Германија ќе решат која екипа ќе го освои првото место.
Тоа носи привилегија и директно место во четвртфиналето, а таму вардарци би се сретнале многу веројатно со францускиот Монпелје.
Доколку Вардар остане втор по завршувањето на групната фаза, тогаш во осминафиналето ќе оди на третопласираната екипа од друштвото на Фредериција, Кадетен или Нексе, а потоа во четвртфиналето би играл со победникот на групата каде се Архус, Порто и Елверум.
АКО ВАРДАР Е ПРВ „Црвено-црните“ во четвртфиналето би играле против победникот од двомечот меѓу екипите што ќе се најдат на второто место во група 2 (Архус, Порто, Елверум) и третото место во група 1 (Монпелје).
АКО ВАРДАР Е ВТОР Двократниот европски шампион во осминафиналето би играл против третопласираната екипа од група 4 (Фредериција, Кадетен, Нексе), а потоа во евентуално четвртфинале би се соочил со победникот од група 2 (Архус, Порто, Елверум).
Лига на Европа 2025/26
главна рунда, 17/02/2026 – 10/03/2026
група 1: 1. Кил 10, 2. Фленсбург 6, 3. Монпелје 4, 4. Бидасоа 0
група 2: 1. Архус 6, 2. Елверум 6, 3. Порто 6 , 4. Гранољерс 2
група 3: 1. Вардар 6, 2. Мелсунген 6, 3. Бенфика 4, 4. Кристијанштад 4
група 4: 1. Хановер 8, 2. Нексе 4, 3. Фредериција 4, 4. Кадетен 4
осминафинале, 31/03/2026 – 07/04/2026
3 место група 2 – 2 место група 1
3 место група 1 – 2 место група 2
3 место група 4 – 2 место група 3
3 место група 3 – 2 место група 4
четвртфинале, 28/04/2026 – 05/05/2026
3 место група 3 / 2 место група 4 – 1 место група 1
3 место група 4 / 2 место група 3 – 1 место група 2
3 место група 1 / 2 место група 2 – 1 место група 3
3 место група 2 / 2 место група 1 – 1 место група 4
Ф4 Хамбург, 30/05/2026 – 31/05/2026
























