Европската ракометна федерација ги објави составите на Eурофарм Пелистер и ПСЖ за дуелот од Лигата на шампионите.
Тренерот Стевче Алушовски за овој меч нема да смета на Цветан Кузманоски, Давид Брестовац, Мирче Калајџиески, Алем Хаџиќ…
Стратегот на ПСЖ, Стефан Мадсен, ќе го има на располагање практично најдобриот состав на „светците“ со Стеинс, Пранди, Јахја, Шипжак, Карабатиќ, Гребиј, Соле…
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток од 20:45 часот.

























